Во ковид статистиката на Министерство за здравство во последните 24 часа повторно нема ниту нов случај на коронавирусот, оздравени се четири пациенти . Само двајца велешани се во статистиката на активни случаи.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 1.375 тестирања, а регистриран е еден нов случај на ковид-19 од Куманово.
Регистрирани се 204 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 3 починати лица: по едно лице од Куманово (55г), Тетово (61г), и Гевгелија (80г). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.418, бројката на оздравени пациенти е 149.496, на починати е 5.458, а бројот на активни случаи изнесува 464.
Можеби ќе ве интересира: