Реклама

Фатен македонец кој преку граница се обидел да пренесе 148.000 илјади евра

pari - evra

Српските царински службеници на излезот од преминот Прешево, во соработка со полицијата, спречиле обид за криумчарење на 148.000 евра, кој македонскиот државјанин се обидел да ги прошверцува преку границата без да пријави.

Zito akcija 640x289px

Како што соопшти Царинската управа на Србија, тој на границата изјавил дека нема што да пријави, освен лични работи и дозволените 10.000 евра, но со детален преглед открини се вкупно 158.000 во апоени од 500 и 200 евра во јакна на задното седиште на „Мерцедес “ и во торба под седиштето на автомобилот.

Agria

По броењето на парите е утврдено дека станува збор за сума од 148.000 евра. На лицето кое ги носело парите веднаш му биле вратени 10.000 евра, што според важечките прописи во Србија и ЕУ, може да се пренесат во готовина преку границата, додека надлежниот суд донел одлука за преостанатата сума по итна постапка.

72-годишниот државјанин на Северна Македонија патувал од Германија кон земјава со автомобил кој бил на германски регистарски таблици кон земјава.

Законите нагласуваат дека е дозволено пренесување до 10.000 евра преку границата, а износите над оваа сума мора да бидат пријавени кај царинските органи, со валиден доказ за потеклото на парите.

На 3 јуни оваа година започна примена на нови правила за влез и износ на готовина во ЕУ, што подразбира построга контрола на пренесувањето на пари над границата од 10 000 евра со цел поефикасна борба против перењето пари и финансирањето на тероризам.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21356/sedummina-veleshani-vozele-pijani/