Министесртвото за здравство информира дека во изминатото деноноќие не е регистриран ниту еден заразени велешанец со ковид-19.
Од направени 2.411 тестирања ширум земјава, се регистрирани 18 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 8, Куманово – 5, Кочани – 2, Тетово, Крива Паланка и Кратово – по 1.
Регистрирани се 31 оздравен пациент од: Скопје – 11, Виница – 3, Куманово, Кочани, Прилеп, Тетово, Битола, Кавадарци и Кичево – по 2, Струмица, Крива Паланка и Радовиш – по 1.
Пријавено е 1 починато лице: од Скопје (61г), починато во болнички услови.
Досега во Македонија се направени вкупно 823.776 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.487, бројката на оздравени пациенти е 149.582, на починати е 5.468, а бројот на активни случаи изнесува 437.
Можеби ќе ве интересира: