Велешанецот Мартин Талаков нов фудбалер на словачка Подбрезова

Младиот велешки фудбалер, 18-годишниот Мартин Талаков, кој последната полусезона како позајмен играч настапуваше во велешки Борец, е нов играч на словачка Подбрезова, објави неговиот матичен клуб Академија Пандев.

Zito akcija 640x289px

„Среќни сме и горди што реализиравме уште еден трансфер на фудбалер произлезен од нашата школа Мартин Талаков. Заедно со играчот одлуката беше да се прифати понудата на ФК Подбрезова од Словачка и да биде пропратна станица за идни поголеми трансфери во неговата кариера. Мартин ти посакуваме многу успех и радости во новиот клуб“, порачаа од Академија Пандев на својот фејсбук профил.

Agria

Во изминатата полусезона Талаков одигра девет натпревари за Борец. Тој е третиот играч кој го напушти велешкиот прволигаш, откако претходно заминаа младинскиот репрезентативец Оливер Стојменовски и хрватскиот интернационалец Никола Гавриќ. На излезна врата е и еден од најдобрите играчи на Борец во пролетниот дел Александар Мишов, за кого се интересираат неколку екипи од соседна Бугарија.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: