Младинците на ГРК Борец викендов со нови предизвици во младинската лига

GRK Borec RK kicevo
GRK Borec RK kicevo

Викендов започнуваат сите младински лиги во организација на Ракометната Федерација на Македонија. Младинците на ГРК Борец генерација 2002, се најдоа во групата А, заедно со екипите на РК Радовиш, РК Астарион, МРК Куманово, РК КЛ7 Свети Николе и РК Партизан Гевгелија.

Zito akcija 640x289px

Системот на натпреварување опфаќа 24 екипи поделени во четири групи со по шест екипи. Секоја екипа во групата ќе одигра по еден натпревар со останатите екипи.

Agria

Натпреварите во групи ќе се играат 2 пати по 25 минути, со 10 минитна пауза на полувреме. Екипата со најмногу бодови се пласира на Ф4 завршен турнир.

На завршниот Ф4 турнир се игра според Бергеров систем, победниците ќе играат финале, додека поразените ќе се борат за третото место.

Натпреварите од групата А ќе се одржат во три града, Радовиш, Гевгелија и последното коло ќе се одигра во понеделник 14.06. во Велес.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: