Во ковид статистиката на Министерство за здравство во последните 24 часа регистриран е еден нов случај на коронавирусот, нема оздравени пациенти . Само тројца велешани се во статистиката на активни случаи.
Во последните 24 часа се направени 4.370 тестирања, а регистриран е 21 нов случај на КОВИД-19 од: Кичево – 6, Скопје и Тетово – по 4, Прилеп – 2, Битола, Велес, Дебар, Куманово и Охрид- по 1.
Регистрирани се 7 оздравени пациенти, пријавено е едно починато лице, од Куманово (72г), во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.528, бројката на оздравени пациенти е 149.619, на починати е 5.471, а бројот на активни случаи изнесува 438.
Можеби ќе ве интересира: