Реклама

Две победи за младинците на ГРК Борец во младинската лига

GRK Borec RK kicevo

Започнаа сите младински лиги во организација на Ракометната Федерација на Македонија. Младинците на ГРК Борец генерација 2002, се најдоа во групата А, заедно со екипите на РК Радовиш, РК Астарион, МРК Куманово, РК КЛ7 Свети Николе и РК Партизан Гевгелија.

Zito akcija 640x289px

Вчера во Радовиш се одиграа две кола, а младинците на Борец забележаа две победи. Најпрво беше совладана екипата на Астарион од Струмица со резултат 21:14, полувреме 14:10.

Agria

Уште од самиот старт Борец го имаше водството, за да неколкуте грешки на крајот од првиот дел на струмичани им овозможат на велешани да заминат на одмор со четири голови разлика.

Во вториот дел одбраната беше на ниво и прими само четири погодоци за конечни 21:14. Најефикасни на овој меч беа Табакаов со осум и Миленков со шест, како и Андовски со пет постигнати голови.

Почетните 6:0 го реши и победникот на вториот натпревар со Партизан Гевгелија. Гевгеличани успеаа да ја вратат резултатската неизвесност на резултат 16:16, но тоа е се што можеа да направат. Борец го доби овој натпревар со 24:19. Најефикасни кај Борец беа Табаков и Миленков со по шест погодоци, и Димески со пет постогнати погодоци.

Денес на програмата се натпреварите против Куманово и Радовиш, а сите натпревари од оваа група ќе се одиграат во Гевгелија.

Можеби ќе ве интерерсира: