Реклама

Река од тркачи низ Скопските улици на денешната трка HalkEco Скопје Трча 10КМ

Денес се одржа традиционалната трка HalkEco Скопје Трча 10КМ, на која учество земаа околу 1000 тркачи. Оваа трка, како единствена градска брза трка, е мотивација на сите учесници, кои го даваат максимумот од себе, да продолжат со тренирање, вежбање и одржување на здрави навики. 

Zito akcija 640x289px

Победник во машката категорија на овогодинешната десеткилометарска трка е Дарио Ивановски, со истрчано време од 29:58, на второто место се најде Леонид Вандевски, со време од 32:55, а третото место му припадна на Атанас Анчевски, со време на трчање од 33:19.

Agria

Од женските прва беше Адријана Поп Арсова, со 35:07 минути, второто место го зеде Биљана Кираџиева со 38:40 минути и на третото место заврши Милјана Ристиќ со 39:58 минути.

Трката беше организирана според безбедносни протоколи и препораки утврдени од Владата и Комисијата за заразни болести, со цел заштита на учесниците и организаторите.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21479/dve-pobedi-za-mladinczite-na-grk-borecz-vo-mladinskata-liga/