Младинците на ГРК Борец обезбедија пласман на фајнал фор на младинската ракометна лига. Иако има уште едно коло кое ќе се одигра утре, тие со денешните две победи го обезбедија првото место во грпа А.
Денес во Гевглија беа на распоред третото и четвртото коло од групата А. Најпрво беа подобри од екипата на Куманово со резултат 25:16, за да во рамките на четвртото коло совладана беше екипата на РАдовиш со резултат 24:15.
Со овие две победи, како и вчерашните две младинците на ГРК Борец генерација 2002 го обезбедија првото место во групата А, а со тоа и пласман на фајнал фор.
Утре во Велес ќе се одиграат натпреварите од петото коло, а ќе се сретнат:
Борец – КЛ7 Свети Николе
Куманово – Радовиш
Партизан – Астраион
Moжеби ќе ве интересира: