Реклама

Да нема полициски час и да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави, предлага комисијата за заразни болести

policiski cas

Министерот за здравство Венко Филипче на својот фб профил вели дека среда, 16 јуни, комисијата за заразни болести ќе предложи до Главниот кризен штаб да се укине полицискиот час

Zito akcija 640x289px

„Епидемиолошката состојба е стабилна и го дозволува ова“, вели Филипче.

Agria

Комисијата ќе предлага и укинување на ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави. А нов предлог е и да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1.000 лица.

Во текот на вчерашниот ден, за првпат после втори септември 2020, во Македонија немаше нов починат од коронавирусот. Активни случаи има 437.

Вкупно ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата се 155.536, оздравени се 149.628, а починаа 5.471.

Во последните 24 часа во Велес е регистриран само еден нов случај на коронавирусот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21495/mladinczite-na-grk-borecz-obezbedija-plasman-na-fajnal-for-na-mladinskata-rakometna-liga/