Реклама

(ФОТО) Ветеното – остварено: Панче Ќумбев се качи во комбе и со неколку велешани замина за Букурешт, се на негов трошок

Поранешниот македонски фудбалер и сега претседател на Синдикатот на фудбалери на Македонија, Панче Ќумбев си го исполни ветувањето дадено кога Македонија ја победи Грузија и се пласираше на Европското првенство, каде што вчера дебитираше со пораз од Австрија.

Zito akcija 640x289px

Ќумбев тој вели дека заедно со него во комбе за Букурешт тргнаа и Ристе Ќумбев, Владимир Темелков , Стојче Темелков, Столе Штерјов, кои се поранешни фудбалери на Борец, а со нив се и Кире Лазаров, Благој Филџанов и Боге Николовски, роднини и блиски пријатели на поранешниот македонски репрезентативец.

Agria

Интересно, поранешниот репрезентативец е оној кој е организаторот на се околу ова патување во Романија.

„Организацијата е моја, се зареков дека, ако победиме со Грузија, ќе ги носам на ЕУРО. Карти, пат, сместување – се е од мене“, вели Ќумбев, кој, мора да се признае, со стил си го испочитувал ветеното.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21512/petta-pobeda-na-mladinczite-na-grk-borecz-vo-mladinskata-liga/