Владата најави воведување нови еколошки даноци, горивата од 1-ви јули поскапи за 3,5 денари

Benziska pumpa
Benziska pumpa

Владата ќе воведе еколошка такса за литар дизел и за бензините од 3,5 денари од 1 јули, соопшти денеска премиерот Зоран Заев. Станува збор за нова давачка со која практично ќе се зголеми цената на горивата за граѓаните.

Zito akcija 640x289px

За новата давачка се зборува во образложението на Ребалансот на буџетот, каде што меѓу другото се вели дека во структурата на вкупните приходи, даночните приходи учествуваат со 55,7 отсто и се планирани на ниво од 123,9 милијарди денари односно за околу 6 милијарди повеќе во однос на иницијалниот буџет.

Agria

Дали под ваквото оданочување се подразбира и такса од 4 денари за литар дизел гориво, засега не е јасно, бидејќи во документот доставен до пратениците нема поконкретни информации.

Воведување на ваква давачка деновиве беше најавено од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која ја обвини Владата дека се воведува нов данок при увоз на дизел гориво, со што дизелот трајно ќе поскапи за 4 денари.

Според нив од ваквата мерка се планира за половина година да соберат речиси 27 милиони евра, односно околу 54 милиони евра за една година, а тоа најмногу ќе ги погоди земјоделците, транспортерите и граѓаните.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: