Бројот на хоспитализирани пациенти во велешката болница во моментов е пет. Од нив, еден пациент има потврден позитивени тест, двајца се сомнителни на вирусот, двајца имаат негативни брисеви, но се задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се три пациенти. На инфективното оддееление има двајца пациенти, а на интерното одделение има тројца пациенти.
Од почетокот на пандемијата до сега во Велес се регистрирани 5470 заразени, од кои 5290 се излечија, а битката со вирусот ја загубија 178 велешани.
Можеби ќе ве интересира: