Денес во Велес ќе се одиграат четири дуели од завршницата во првенството за младинци генерација 2002.
Во трка за трофејот ќе бидат Борец, Скопје 2020, Еурофарм Пелистер 2 и КЛ 7. Дуелите од полуфиналето, за 3. место и финалето се играат во текот на денешниот ден.
Сите натпревари на завршниот турнир на младинската ракометна лига ќе бидат пренесувани во живо на фан страната на batali.net.
Првиот натпревар започнува во 12 часот со првата полуфинална двојка Борец – Скопје 2020.
Можеби ќе ве интересира: