Реклама

КЛ7 младински шампион на Македонија, Борец вице-првак

Ракометарите на КЛ 7 ја освоија шампионската титула во Младинската лига за оваа сезона откако во финалето на фајнл фор турнирот кој денеска се одигра во Велес, беа убедливи против составот на Борец со 37:28.

Zito akcija 640x289px

Натпреварот го отвори екипата на КЛ 7 преку Димовски за 1:0, а неколку секунди подоцна, Андоновски израмни за 1:1. Следуваше период на неколку технички грешки на ракометарите на Борец и нивното неискуство беше искористено од страна на гостите од Скопје кои преку расположениот Димовски имаа водство од 4:1 во почетните минути.

Agria

По осум минути игра, КЛ 7 имаше водство од четири гола разлика, 6:2. Екипата на Борец никако не можеше да фати приклучок и да се врати во игра, но дополнителен проблем за нив беше и противничкиот голман, Галевски кој бранеше солидно меѓу стативите.

Избраниците на Игор Котевски ја зголемуваа својата предност преку контра напади и првото полувреме го завршија со солидна предност од 19:12.

Борец во второто полувреме влезе со оптимизам и со серија од 3:0 намали на 15:19. Ракометарите на КЛ 7 првиот гол во второто полувреме го постигнаа по четири минути игра од пенал преку Димовски.

No description available.

КЛ 7 во последните петнаесетина минути воспостави контрола на резултатот и рутински ја одработи својата задача до крајот на натпреварот. Водството растеше од минута во минута, додека ракометарите на Борец немаа сила да го запрат налетот на противниците.

Најефикасен на натпреварот беше ракометарот на КЛ 7, Емилијан Ѓорговски со десет гола, кој воедно беше и најдобриот стрелец на турнирот. Во составот на Борец, Јован Атанасовки беше најефикасен со седум гола.

No description available.

За најдобар голман на турнирот беше прогласен чуварот на мрежата на КЛ7 Иван Галевски, а за надобар играч беше прогласен Мартин Димовски од победничкиот тим.

Во натпреварот за третото место, Еурофарм Пелистер 2 немаше проблеми против Скопје 2020 и славеше со резултат 30:19.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21570/istechenite-pasoshi-ke-bidat-so-vazhnost-do-krajot-na-godinata/