Граѓаните од земјите од т.н. зелена листа ќе можат да влезат во соседна Грција со негативен тест за антиген, објави на вчерашната прес-конференција заменик министерот за цивилна заштита, Никос Хардалиас.
Децата на возраст под 12 години кои доаѓаат од земјите на зелената листа ќе можат да влезат во Грција без негативен PCR тест на коронавирусот.
Овиемерки во Грција ќе стапат на сила кога ќе бидат објавени во Службен весник.
Сите граѓани кои не биле вакцинирани против Ковид-19, треба да обезбедат негативен PCR тест, не постар од 72 часа (деца до 6 години се изземени) или потврда за прележан ковид-19 во претходните 2 до 9 месеци пред патувањето.
Властите го задржаа правото по случаен избор да ги тестираат патниците на граничниот премин со брз тест, а доколку тестот е позитивен, изолацијата во домот е задолжителна 10 дена во објект по избор на патник или утврден од грчките власти на сметка на грчката држава.
Можеби ќе ве интересира: