При преглед во возило биле пронајдени 17 илегални мигранти

Migranti 997x485
Migranti 997x485

На регионалниот пат Демир Капија-Неготино во товарно возило се откриени илегални мигранти, соопшти полицијата. Возачот не застанал на полицискиот знак и продолжил со движење а потоа запрел и го напуштил возилото, велат од полицијата.

Zito akcija 640x289px

Настанот се случил во средата во 14.30 часот на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, кога полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „цитроен џампер“, со скопски регистарски ознаки, но возилото продолжило со движење.

Agria

Набргу потоа, возачот го запрел возилото и го напуштил местото, а при преглед во возилото биле пронајдени 17 лица илегални мигранти.

Мигрантите се пренесени во Прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, а полицјата презема мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: