Во ковид статистиката на Министерство за здравство во последните 24 часа не е регистриран нов случај на коронавирусот, нема ниту оздравен пациент . Само тројца велешани се во статистиката на активни случаи.
Во последните 24 часа се направени 3.074 тестирања, а регистрирани се 4 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје, Прилеп, Тетово и Кочани – по 1
Регистрирани се 68 оздравени пациенти, пријавено е едно починато лице од Скопје (80г), починато во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.616, бројката на оздравени пациенти е 149.790, на починати е 5.475, а бројот на активни случаи изнесува 351.
Можеби ќе ве интересира: