Втор случај на индискиот сој на ковид-19 во Македонија

Britanski soj na koronavirus
Britanski soj na koronavirus

Индискиот сој на вурусот е потврден  кај уште еден пациент во Македонија, кој се лекувал во приватна боница, потврди денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Zito akcija 640x289px

Станува збор за  колега  на првоткриениот случај  со овој мутиран сој кај нас, кој беше регистриран на 7 јуни.  И двајцата биле на работа во Ирак, со истиот   лет се вратиле во земјава, но кај вториот пацинет, симптомите се појавиле подоцна. Министерот Филипче тврди дека состојбата  е под контрола и овој пациент не е ризик.

Agria

Министерот вели дека сите вакцини штитат и од индискиот и од другите форми на мутации од смртен исход и од тешки компликации на болеста.

Филипче очекува кон крајот на месецот да пристигнат поголеми количини на вакцини во земјава, 100 илјади фајзерови и 500 илјади на Синовак и во текот на летото да се изврши имунизација на населението до степен на колективен имунитет. 

Инаку, според Светската здравствена организација, индискиот сој станува доминантен во светот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: