Пет лица се повредени откако автомобил што се движел во близина на бензиска пумпа во Градско паднал од патот на железничката пруга.
Д-р Василка Пановска Поп-Стефанова, началник на Брза Помош, потврди дека повредените по укажаната помош, се пренесени во Ургентниот центар на велешката болница.
Портпаролката на ЈЗУ Општа болница во Велес, Елеонора Јованова изјави дека кај сите повредени биле констатирани помали телесни повреди, по што се пуштени на домашни лекување.
Увид на местото на настанот изврши екипа на СВР Велес.
Можеби ќе ве интересира: