Во ковид статистиката на Министерство за здравство во последните 24 часа не е регистриран нов случај на коронавирусот, нема оздравен пациент . Бројот на активни случаи во градот е четири.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 1.601 тестирања, а регистрирани се 3 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 3.
Регистрирани се 15 оздравени пациенти, пријавени се две починати лица: од Скопје (76г) и Куманово (75г). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.627, бројката на оздравени пациенти е 149.877, на починати е 5.477, а бројот на активни случаи изнесува 273.
Можеби ќе ве интересира: