Со промоција на новите засилувања, но и потпишување на договори со неколку фудбалери од ланската сезона, велешки Борец од денеска ги почна подготовките за новата фудбалска кампања.
На денешната прес конференција беа претставени фудбалерите кои потпишаа за Борец. Енсар Љума доаѓа од редовите на Шкендија, Ристе Каракамишев од Силекс, Александар Ѓорѓиески од Охрид, младинскиот репрезентативен голман Стефан Јакимовски кој пристигна од Кадино и Кристијан Николов кој дојде од Пелистер.
Во исто време Борец ги продолжи договорите со Кристијан Ефтимов, Лука Трајкоски, Филип Манасиевски, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Азер Омерагиќ, Филип Ристовски и Трајче Трајков. Раководството најави уште неколку нови имиња, а се преговара со петмина странски фудбалери.
Клубот го задржува и стручниот штаб на чело со тренерот Борче Христов, кој веднаш по прес конференцијата го одржа и првиот тренинг во новата сезона. Христов не сакаше да каже која ќе биде целта на Борец во новото првенство, но вети дека ќе направи конкурентна екипа.
Раководството на Борец најави дека клубот го напуштаат бразилецот Фернандо Силва, велешанецот Милан Чичевски, голманот Микица Георгиевски и хрватските интернационалци Никола Гавриќ и Еди Баша, кој нашол ангажман во Албанија.
Екипата ќе се подготвува во Велес до 11 јули, кога заминува за Златибор, каде што ќе продолжат подготовките.
Тука можете да ја погледнете целата прес конференција и чинот на потпишување на договорите:
Можеби ќе ве интересира: