Министерот за здравство Венко Филипче информира дека вчера пристигнаа 100 620 дози вакцини „Фајзер“, што ги купивме преку КОВАКС механизмот.
„Во текот на следните денови вакцинацијата ќе добие ново, забрзано темпо со што ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани. Доколку сѐ уште не сте се пријавиле преку веб-страницата, апелирам да го направите тоа што поскоро, како би добиле термин во најбрз временски рок“, стои во неговата објава на Фејсбук.
Во текот на следните денови, како што посочува, вакцинацијата ќе добие ново, забрзано темпо со што ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани.
Moжеби ќе ве интересира: