Откако пред неколку дена Борец потврди дека ги продолжи договорите со дури осум фудбалери кои настапуваа лани, а се пофали и со пет новајлии, денес, претстави уште две засилувања за следната сезона.
Нови фудбалери на клубот од Велес се Алекс Талески и Гонзало Зарате. 21-годишниот Македонец со австралиски пасош, по две години се враќа во македонскиот фудбал, откако во сезоната 2018/19 настапуваше за Вардар, а во Борец доаѓа од редовите на Данденонг Сити.
Талески потпиша двегодишен договор со македонскиот прволигаш, додека покрај него освежување во офанзивата на Борче Христов ќе биде и Гонзало Иван Зарате. Се работи за 26-годишен Аргентинец, кој игра на неколку позиции во нападот, а доаѓа од Атлетико Хувентуд.
Претходно, во Велес се преселија Ристе Каракамишев-Силекс , Кристијан Николовски- Пелистер, Александар Ѓорѓиески – Охрид Енсар Љума – Шкендија и голманот Стефан Јакимовски – Кадино.
Moжеби ќе ве интересира: