
Од (MЗС) Министерството за здравство ги информираат сите граѓани дека во Националниот систем Мој Термин е воведена можноста за издавање на сертификат за прележан Ковид 19.
„Оваа можност веќе од вчера ја нуди системот Мој Термин. Сертификатот се издава за сите лица кои во последните 9 месеци биле позитивни на Sars-Cov-2 и се регистрирани како позитивни случаи во Националниот систем. Сертификатот може да се преземе кај матичниот лекар или со најава на страницата vakcinacija.mk“, информираше министерот за здравство Венко Филипче.
Сертификатот е на македонски и англиски јазик, содржи податоци за лицето (име и презиме, ЕМБГ, ЕЗБО, датум на раѓање, пол) тип на тест, дата на тестирање, дата на позитивен резултат, Здравствена установа (лабораторија) каде е направено тестирањето, како и QR-код.
Можеби ќе ве интересира:
