Реклама

Драган Ванов, спортист на Велес за 2020 година

Мотоциклистот Драган Ванов од Мото клубот „Мото Велес“ е избран за најдобар спортист на Велес за 2020 година. Признанието му беше доделено на свеченоста, која се одржа во салата на Општина Велес, во организација на Сојузот на спортови, а под покровителство на Советот на Општина Велес и градоначалникот Аце Коцевски.

Zito akcija 640x289px

Во категоријата спортисти сениори, награди добија фудбалерот Трајче Трајков од ФК Борец, ракометарот на ГРК Борец Кирил Миленков, кајакарот Љубомир Спасиќ од КК Арка Борец, кајакарот Ангел Петрушев од ККК Вардар, одбојкарот Матеј Матев од ГОК Борец, кошаркарот Суат Карталовиќ од КК Баскет, футсал играчот Никола Саздовски од КМФ Кеги мобил, велосипедистот Христијан Ванчевски од МВК Велес, фудбалерот Христијан Маневски од ФК Превалец, каратистот Ѓорѓи Бановски од КК Гладијатор, фудбалерката Ана Јавашева од ФК Борец, кајакарот Христијан Игнатов од КК Бабуна, велосипедистот Виктор Ванчевски од МВК Велес.

Agria

За најдобар тренер од сениорите е прогласен Петре Жабев од ГОК Борец.

Најдобра спортска екипа за 2020 година е Фудбалскиот клуб Борец, втор е Градскиот одбојкарски клуб Борец, а третото место му припадна на клубот во мал фудбал Кеги мобил.

Во категоријата екипно млади првото место му припадна на Карате клубот Гладијатор, втор е Градски одбојкарски клуб Борец, а третото место е за Кајак кану клубот Вардар.

За најуспешни млади спортисти за 2020 беа прогласени: Милан Дончевски – ФК Борец, Антонио Николов – ГОК Борец, Христијан Гајдов – КК Борец – баскет, Мартин Арсовски – КК Гладијатор, Христијан Смилев – КК Бабуна, Давид Николов – ЗСР Бабуна, Коце Игнатов- КК Бабуна, Валерија Крстева – КК Арка Борец, Кристијан Коцевски – РК Велес 2009, Катја Зафирова – ЖОК Борец, Мартин Гогов – ФК Борец Јуниор, Ангелина Босилкова – ФК Борец, Давид Ристовски – МВК Велес, Стефан Рибарски – ККК Вардар, Ердин Зејнелов – БК Борец, Јована Николова – БК Борец, Петар Андоновски – РК Вардар.

Годинава со признанија се закитија и спортските манифестации кои се реализираа во текот на 2020 година како што се Пливачкиот маратон, Ендуро шампионатот и Тенискиот турнир Велес Опен.

Посебни признанија годинава им се доделија на Здружението на спортски ветерани, навивачката група Гемиџии, на Панче Ѓурчиев и на судијката Клементина Војдиновска од Карате клуб Гладијатор.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21880/od-1-vi-juli-mozhe-svadbi-vo-zatvoreni-prostorii-so-maksimum-250-gosti/