Велес има одбојкарска иднина. Шест одбојкари на ГОК Борец се најдоа на списокот на машката одбојкарска репрезентација генерација 2001 и помлади, за учество на Балканијада.
Ангел Жабев, Филип Јованов, Оливер Куновски, Антонио Николов, Христијан Андоновски и Бојан Џамбазов се одбојкарите на ГОК Борец кои се најдоа на списокот на селекторот Ванче Санев.
Во периодот од 4 јули па до 19 јули во Штип тие ќе ја билдаат формата за Балканијадата која ќе се одржи во Косаово од 20 до 24 јули оваа година. Тренинзите ќе се одвиваат во спортската сала на ЕМУЦ “Коле Нехтенин” во Штип.
Можеби ќе ве интересира: