Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која сметките за електрична енергија на универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ незначително ќе се намалат, со примена на измените на Законот со кои ДДВ за електрична енергија се намали од 18 на 5 отсто.
Од побараното зголемување за 50 денари на сметка од 1.000 денари, од страна на сите енергетски компании што ги регулира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, РКЕ, регулаторите одобриле само 6 денари покачување. Врз непроменетата цена на струјата најмногу има влијание одлуката на Владата за намалување на ДДВ-то од 18 на 5 отсто кое важи од 1 јули.
Евтината тарифа останува на сила во дневните и ноќни интервали, како и до сега, а сметките за електрична енергија практично ќе останат непроменети со носење на законот со кој ќе се намали ДДВ-то за електрична енергија, изјави Марко Бислимоски претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Moжеби ќе ве интересира: