Досегашниот тренер на ГРК Борец, Васил Василев има нов предизвик во својата тренерска кариера. Во новата сезона тој ќе ја води екипата на Радовиш која се натпреварува во ракометната Суперлига.
Тој на ова место ќе го замени Андон Бошковски кој со екипата на Радовиш обезбеди опстанок во лигата, но набрзо по тоа ја напушти клупата за да ја превземе екипата на Пролет.
Василев беше на клупата на прволигашот Борец, а го водеше велешкиот тим и кога играше во суперлигашкото друштво.
Можеби ќе ве интересира: