Во ковид статистиката на Министерство за здравство во последните 24 часа не e регистриран нов случај на коронавирусот, нема ниту оздравен пациент . Бројот на активни случаи во градот е четири.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.723 тестирање, а регистрирани се 11 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 5, Тетово – 3, Битола , Берово и Пехчево – по 1.
Регистрирани се 4 оздравени пациенти, пријавено е 1 починато лице од Македонски Брод (43г) во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.700, бројката на оздравени пациенти е 150.067, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 147.
Можеби ќе ве интересира: