Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе разговара за тоа дали се потрени нови рестрикции поради ширењето на делта-видот на коронавирусот, а според неофицијални извори на нашата редакција, во опција е одлука за карантин, негативен ПЦР или да се покаже сертификат за вакцинација кај патниците кои се враќаат од ризичните земји.
Во овој момент, само за патниците од Индија има условен влез од 14 дневен карантин, но денеска би требало да се прошири листата со други високоризични земји.
Новиот сој се уште не е присутен кај, а во однос на овој проблем за построги рестрикции размислуваат и соседите Србија и Албанија
Министерот за здравство, Венко Филипче извести дека иако дел од челновите биле на одмор, веќе се анализира и се истражува за овој вид и мислењата на челновите на Комисијата ќе бидат слушнати денеска.
Епидемиологот Данаиловски вчера рече дека прашање на време е кога индискиот (делта) сојот на коронавирусот ќе дојде и кај нас. Тоа веројатно нема да биде пред есен затоа што дури тогаш ќе почнат дружбите на затворено, но тој не верува дека ќе случи некој силен бран.
Можеби ќе ве интересира: