Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во јужните делови ќе има повеќе сончеви периоди. Во пладневните и попладневните часови ќе има зголемена облачност и претежно во северозападните делови појава на краткотраен локален пороен дожд и ретки грмежи.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 36 степени, а УВ индексот ќе изнесува 7.
Во наредните денови ни претстои сончево време со повисоки температури. Во следните три дена времето ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот ќе биде 8. Минималните температури ќе бидат во интервал од 12 до 21 степен, а максималните од 28 до 38 степени.
Услови за изолирана нестабилност ќе има в четврток и на почетокот на викендот.
Можеби ќе ве интересира: