Полицајци ослободиле депортирано лице кое било барано со потерница

Granicen Premin Blace
Granicen Premin Blace

Суспендирани и кривични пријави за злоупотреба на на службената положба и овластувања добија двајца полицајци кои според информациите од МВР ослободиле осудено лице, кое претходно било депортирано од косовските власти на граничниот премин Долно Блаце.

Zito akcija 640x289px

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против полициските службеници Г.В. и С.С. вработени во Регионалниот центар за гранични работи Север, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување  по член 353 став 1 од Кривичниот законик.

Agria

„Пријавените кривичното дело го сториле на начин што откако државјанин на Република Северна Македонија бил депортиран од страна на косовските власти на граничниот премин Долно Блаце, поради илегално преминување на државната граница, веднаш по извршеното примопредавање лицето го ослободиле од службените простории, без да ги извршат потребните проверки и службените процедури и притоа да утврдат дека депортираното лице се барало преку потерница за претходно сторено кривично дело“, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: