Утрово од 8 до 12 часот Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Куманово – Скопје – Велес, при што се санкционирани 60 возачи.
Од МВР информираа дека 14 возачи возеле со брзина поголема од 50 километри на час над пропишаната.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.
Можеби ќе ве интересира: