Од денеска започнува вакцинирањето на деца и млади на возраст од 12 до 17 години, а досега има пријавено 1798 лица, а единствено за нив вакцинирањето е со закажан термин, за возрасните повеќе не е потребно пријавување.
Тие ќе се вакцинираат со вакцината Фајзер, во вакцинални пунктови во градот во кој живеат, или кој го навеле при пријавувањето. Најголем број пријавени деца и млади има во Скопје, и тоа во поликлиниките Букурешт – 402, во Јане Сандански 287, а во Чаир 110.
Според последните податоци од Министерството за здравство, заклучно со петокот вакцина примиле вкупно 453 773 граѓани, а целосно имунизирани односно со двете дози се 272 129.
Можеби ќе ве интересира: