
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа на територијата на Велес и велешко не е регистриран ниту еден случај на коронавирусот.
Девет нови случаи се регистрирани последните 24 часа од направени 1.973 тестирања. Четири во Скопје и Тетово и еден во Кичево. Не се регистрирани починати пациенти, а оздравени се 53 болни.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.931, бројката на оздравени пациенти е 150.223, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 221.
Досега во земјата се направени вкупно 932.513 тестирања на ковид-19.
Можеби ќе ве интересира:
