Момче на возраст од дваесет и пет години од тетовското село Долно Палиште синоќа загина од удар од гром додека напасувало стадо овци.
„Вчера (18 јули), во 19.25 часот, во СВР Тетово било пријавено дека во месноста Карабунар, атар на тетовски Урвич, бил пронајден починат 25-годишниот Е. О. од тетовско Долно Палиште, кој бил усмртен од удар на гром“, информираа од полицијата.
Смрт констатирал лекар од судска медицина, увид извршиле екипа од СВР Тетово и јавен обвинител по чија наредба телото му е предадено на семејството.
Инаку вчера од удар на гром на плажата Оревче во Охрид четири лица се здобија со изгореници, додека девет претрпеле шок или проблеми со слухот, соопшти охридската полиција.
Можеби ќе ве интересира: