Ќе се проценува дали градинките од септември ќе работат со полн капацитет

gradinka-1

Министерката за труд и социјална политика синоќа рече дека останува да проценат дали градинките ќе работат со полн капацитет од септември и дека ќе го почитуваат мислењето на здравствените власти и на Комисијата за заразни болести која будно ја следи епидемиолошката состојба.

Zito akcija 640x289px

Сепак, таа е оптимист и, како што истакна во гостувањето на ТВ Сител, очекува мирна есен. Според Шахпаска, градинките се една од поуспешните приказни во справувањето со пандемијата.

Agria

„Со систематски пристап, редовни надзори и почитување на протоколите од страна на вработените и родителите, имаме заокружување на успешен период. Добро поминавме, добри беа показателите, добро беше присуството на деца во градинките. Согласно протоколите, се уште има слободни места за одење на децата во градинките. Јас сум оптимист, нема причина тоа да не биде така, имајќи го предвид фактот дека најголем дел од вработените во градинките веќе се комплетно вакцинирани, со двете дози“, истакна Шахпаска.

Министерката дополни дека здравјето на децата и на сите граѓани останува врвен приоритет. 

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: