Директорот на СЗО предупредува: Можна е појава на поопасна варијанта коронавирус од Делта

szo
szo

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус во Токио, пред 138-та седница на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), предупреди на закана од поопасен вид коронавирус отколку варијантата Делта.

Zito akcija 640x289px

„Колку е пораспространет (вирусот), толку повеќе варијанти ќе се појават, со потенцијал да станат уште поопасни од варијантата Делта, која прави толку многу штета во моментов. И колку повеќе варијанти има, толку е поголема можноста некои од нив да бидат неранливи на вакцините – и сите ќе се вратиме на почетокот“, рече Тедрос.

Текстот продолжува под рекламите

Agria

Според него, пандемијата на коронавирусот е тест со кој светот сè уште не се справил.

Текстот продолжува под рекламата

„Често ме прашуваат: кога ќе заврши пандемијата. Навистина, вирусот и пандемијата не ставија пред многу прашања. Пандемијата е тест и светот не се справува со тоа“, рече Гебрејесус, додавајќи дека до крајот на Олимписките игри во Токио, на 8 август, се проценува дека во светот од коронавирус може да починат повеќе од 100.000 луѓе.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: