Во ковид статистиката на Министерство за здравство во последните 24 часа во Велес не е регистриран нов случај на коронавирусот. Нема активни случаи на ковид-19 во градот.
Mинистерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.896 тестирања, а регистрирани се 17 нови случаи на ковид-19 и тоа во Тетово – 9, Скопје – 6 и Прилеп и Гостивар по 1.
Регистрирани сe седум оздравени пациенти, регистрирано е едно починато лице од Скопје на 70 години во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.981, бројката на оздравени пациенти е 150.251, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 241.
Можеби ќе ве интересира: