Во рамки на проектот ,,Инклузивен Смарт Туризам – рекреативни содржини и услуги за еднаков пристап до туристичката атракција Езеро Младост“, на 24-25 Јули 2021 се реализираше активноста: дводневна обука за наставници по физичко образование, спортски работници и тренери, спасители на вода во Вардарски плански регион.
Целта на оваа активност еовозможување на максимална отвореност кон потребите на корисниците на услуги со попреченост, нивно активно вклучување во социјалниот живот, рекреативните и туристички активности во вода. На овој начин и преку туризмот може да се развие инклузивно општество за сите кои овозможуваат континуиран развој. Преку инклузивниот туризам ќе се зајакнат капацитетите на регионот за обезбедување на услуги за лицата со попречености во областа на туризмот.
Финансиските средства за овој проект се обезбедени од Министерството за локална самоуправа (МЛС) и Швајцарската развојна агенција (SDC).
Можеби ќе ве интересира: