Осум играчи на Вест Хем имаат поблаги симптоми на коронавирус, објави потпретседателката на клубот Карен Брејди во изјава за медиумите.
Брејди кажа дека сите осум фудбалери и нивните семејства се чувствуваат добро.
Потпретседателката на Вест Хем го спомена и можниот исход на Премиер Лигата.
“Кога сите клубови разговараа за ова последен пат, се согласивме да ги продолжиме натпреварите што е можно поскоро. Доколку е потребно да се заврши лигата, ќе се игра во јули.”