Двајца братучеди од Велес расчистувале сметки во семеен двор. И.Р.(56) од Велес пријавила дека по кратка расправија бил нападнат нејзиниот син со дрвен предмет од неговиот четири години постар братучед , соопшти полицијата.
“На 01.08.2021 год. во 12.30 часот И.Р.(56) од Велес пријавила дека, на 31.07.2021 год. околу 23.00 часот, во дворот на нејзината куќа настанала расправија помеѓу нејзиниот син Д.Р.(37) и неговиот братучед О.Р.(41), по што, О.Р. со дрвен предмет го нападнал Д.Р. нанесувајки му тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес”, соопштија од СВР Велес.
Од велешката полиција рекоа дека се работи на расчистување на случајот.
Можеби ќе ве интересира: