Со претставата „Орестија“ синоќа почна 18 издание на ИФАД „Стоби“

Со премиера на претставата „Орестија“, која е копродукција меѓу велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ и Националната опера и балет, доцна синоќа во Стоби свечено беше отворен 18. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“.

Zito akcija 640x289px

Претставата ја подготвуваа четворица режисери, двајца кореографи и тројца композитори.

Agria

Како што информираше вчера селекторот на фестивалот и в.д директор на Велешкиот театар, Сашо Димоски, претставата е изградена од четири претстави, оригиналните три трагедии, кои ја сочинуваат трилогијата, заедно со сатирската игра која била загубена.

Зоран Љутков, кој во претставата ја игра улогата на Сатирот Силен, вели дека тоа е лик што изостанува и веќе не постои и некаде е изгубен со само мали назнаки. Посочи дека со драматургот Катерина Момева и режисерот Деан Дамјановски го напишале тој дел за тој лик да биде сврзно ткиво во претставата.

„Мене ми е драго што Велешкиот театар и НОБ се решија за еден ваков потег копродукција , бидејќи и досега сме немале ваква голема македонска продукција и овој проект е важен и за велешкиот театар и за фестивалот“, потенцира Љутков.

Тој појасни дека тие реално се држеле на основи на текстот напишам од Катерина, но режисерот им оставил можност за слобода и во актерската игра и во начинот на презентирање. Нагласи дека тие својот дел од претставата го завршиле на 19 јуни и чекале другите три дела да се подготват, а во последните дванаесетина дена работеле заедно и сите четири дела се вклопиле во една целина.

Љутков рече дека жали што поради нарушената безбедност претставата не ја играле во античкиот театар, туку на просторот на Теодосијанската палата. Тој очекува со претставата да добијат покана за меѓународни фестивали на античка драма и други. Додаде дека се прави посебна сценографија за затворена сцена и дека се очекува претставата да се игра секој месец на сцената на Велешкиот театар и во Националната Опера и Балет.

Софија Ристовска Петрушева е режисер на претставата на фуриите во која Орест има огромна грижа на совест затоа што ја убива мајка си и страшно голема борба се води во него и фуриите се негова грижа на совеста-осудата од општеството.

„Жената е секогаш мојата хероина, обичната жена, античката жена, жената од големите романи од обичните приказни. Јас се борам за женското начело и кога жената е угнетена од тој машки принцип на патријахат секогаш сум тука за да ја раскажам нејзината историја. Клитеместра не е виновна и тоа е првата реплика што ја изговорив пред да почнеме да работиме. Фуриите се оние борци, суштества кој ја имаат таа моќ да ја оправдаат Клитеместра и да го убијат Орест. Така што нашата претстава – мојот трет дел во претставата кој е финален и дава финале на целата претстава. Сепак Клитеместра е женското начело победуваат“, појасни Ристовска Петрушева.

Во рамки на програмата на Фестивалот вечер во 20 часот на сцената „Петре Прличко“ во Велешкиот театар ќе биде изведена претставата „Исмена“, продукција на „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“.

Пред претставата ќе се одржи промоција на фестивалска публикација „Нова античка драма“, што ја издаде „Полица”.

Годинава ИФАД Стоби се одржува по двегодишна пауза. На сцената на Теодосијанската палата во археолошкиот локалитет Стоби, топло добредојде на присутните гости и учесници на фестивалот им посакаа градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски и директорот на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ Велес.

„Интернационалниот фестивал Стоби е вистинска реткост не само на Балканот туку во европски и во светски рамки затоа што се многу ретки фестивалите кои негуваат антички драми и тие се едни од највредните наследства на цивилизацијата од минатото. Сега да им го препуштиме подиумот на уметниците, а вам да ви посакам пријатни мигови низ фестивалските денови“, истакна Коцевски.

May be an image of 1 person and standing

Селекторот на фестивалот и в.д. директор на велешкиот театар Сашо Димовски на публиката и ја претстави годинешната програма.

„Благодарен сум Ви вам драга публико заради кои ние постоиме, благодарен сум на министерството за култура, на Општина Велес и општествено одговорните компании кои ја препознаа вредноста на овој фестивал. Ви посакувам успешни фестивалски денови“, рече Димоски.

Покрај официјалната селекција, во рамки на годинешното издание на ИФАД Стоби ќе биде промовирана и фестивалската публикација „Нова античка драма“, издание на „полица“, ќе биде поставена изложбата „Вита“ од Филип Петковски, а во соработка со Кинотека Македонија ќе биде прикажан, под отворено небо, циклус филмови на Бранко Гапо.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: