Бројот на новозаразени од коронавирус во едно деноноќие во земјава повторно се искачи преку 100, откако неколку месеци беше во стагнација. Денеска се регистрирани нови 164 слулаи, откако ссе направени 5276 тестови, соопшти Министерството за здравство.
Во Велес и денеска нема регистрирано новозаразени, а во моментов се активни три случаи. Најмногу новозаразени во последното деноноќие има во Тетово – 60, во Скопје – 34 и во Гостивар 21. Во останатите градови состојбата се следна: Куманово и Битола по 8, Струмица, Кичево и Дебар по 5, Штип и Кочани по 4, Прилеп и Струга по 3, Берово 2, Охрид и Пехчево по 1.
Во последното деноноќие тројца пациенти починале како последица од ковид-19, две лица од Гостивар на 68 и 86 годишна возраст и едно лице од Скопје на 82 годишна возраст.
Регистрирани сe 18 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 994.490 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.707 бројката на оздравени пациенти е 150.440, на починати е 5.497, а бројот на активни случаи изнесува 770.
Можеби ќе ве интересира: