Во земјава расте бројот на заразени со ковид-19. Во текот на вчерашниот ден се регистрирани 164 нови случаи со Ковид-19, од направени 5.276 тестирања. Последен пат трицифрена бројка на нови случаи на инфицирани со коронавирусот беше регистрирана кон средината на мај. Најголем дел од новите случаи се во Тетово и тоа 60, Скопје 34, Гостивар 21, Куманово и Битола по осум… Регистрирани сe 18 оздравени пациенти и три починати лица во болнички услови.
Бројот на активни случаи изнесува 770, од кои нјамногу се во Тетово 229, по што следи Скопје со 221, Куманово 72, Гостивар 68, Битола 34, Струмица 21…
Според последниот извештај на Министерството за здравство, неколку општини се без активни случаи на Ковид-19. Тоа се: Дојран, Македонска Каменица, Македонски Брод, Кратово, Демир Капија, Демир Хисар, Крушево, Богданци, Пробиштип, Виница, Крива Паланка, Ресен и Неготино.
Можеби ќе ве интересира: