Во ковид статистиката на Министерство за здравство во последните 24 часа во Велес се регистриран два нови случаи на коронавирусот. Не се регистрирани оздравени пациенти. Бројот на активни случаи на ковид-19 во градот е пет.
Во последните 24 часа се направени 4.713 тестирања, а регистрирани се 219 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје и Тетово – по 65, Куманово – 20, Гостивар – 19, Струмица – 7, Кичево – 6, Битола, Струга, Берово и Виница – по 4, Прилеп и Кочани – по 3, Велес, Кавадарци, Штип, Радовиш и Дебар – по 2, Охрид, Ресен, Македонска Каменица, Македонски Брод и Пехчево – по 1.
Регистрирани сe 30 оздравени пациенти, пријавени се четири починати лица : две лица од Скопје (61г и 66г) и едно лице од Тетово (76г) и Кичево (76г) починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.926 бројката на оздравени пациенти е 150.470, на починати е 5.501, а бројот на активни случаи изнесува 955.
Можеби ќе ве интересира: