Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одреди судиите кои ќе ја делат правдата во прво коло од Првата македонска фудбалска лига, која започнува овој викенд.
Со натпреварот против Работнички фудбалерите на Борец ќе ја отворат новата фудбалска сезона. Главен судија на натпреварот во Скопје ќе биде Јован Качевски од Струга.
На останатите натпревари кои се играат во недела од 17 и 30 часот и се среќаваат Македонија Ѓорче Петров – Пелистер, а главен судија ќе биде Крумислав Ѓоргиев.
Тиквеш и Шкендија ќе играат во Прилеп, на центарот ќе стои Игор Стојчевски, додека во Штип, на мечот Брегалница – Шкупи ќе суди Александар Грујоски, а на мечот Ренова – Скопје главен арбитар ќе биде Стојче Трпчевски.
Велешанецот Игор Иванов ќе ја дели правдта на натпреварот во Струмица помеѓу екипите на Академија Пандев и Струга Трим Љум.
Минатата сезона не смееше да има гледачи поради пандемијата со коронавирусот. Но, за оваа сезона, одлучено е македонскиот фудбал да се игра пред 30% гледачи од капацитетот на стадионот.
Можеби ќе ве интересира: