Денеска времето ќе биде променливо облачно и посвежо, претежно во првиот дел од денот ќе има локален пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер кој вдолж Повардарието ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 24, а максималната од 29 до 37 степени. УВ=8
Претежно претпладне и во текот на пладневните часови ќе има појава локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.
Денеска и во утре температурите ќе опаднат за 4 до 5 степени.
Можеби ќе ве интересира: