Два дена по ред во велес се регистрирани позитивни случаи на ковид-19. Денес е регистриран еден нов позитивен случај на коронавирус. Нема регистрирано оздравен пациент. Бројот на активни случаи ви Велес се искачи на шест.
Во последните 24 часа се направени 5.959 тестирања, а регистрирани се 325 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 101, Тетово – 95, Гостивар – 43, Куманово – 26, Струга – 10, Охрид, Дебар и Кичево – по 7, Прилеп, Кочани и Македонски Брод – по 4, Струмица, Радовиш и Пехчево – по 3, Кавадарци и Штип – по 2, Битола, Велес, Берово и Виница – по 1.
Регистрирани сe 11 оздравени пациенти, пријавено е едно починато лице од Битола (55г), починатo во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 157.251 бројката на оздравени пациенти е 150.481, на починати е 5.502, а бројот на активни случаи изнесува 1.268.
Можеби ќе ве интересира: